Клуб од Саудиска Арабија, кој останува неименуван, понудил неверојатни 300 милиони евра за услугите на Кристијано Роналдо.
Според информациите кои прво се појавија во „TVI“ и „CNN Portugal“, а подоцна ги потврди и „Ac“, понудата до Португалецот е за две сезони. Самиот играч ќе земе 250 милиони за овој период, доколку прифати, Манчестер Јунајтед ќе добие 30 милиони, а останатите 20 милиони за посредниците.
Тоа значи дека Кристијано Роналдо би станал најплатениот играч во целата историја на фудбалот.
Според „Ас“, CR7 тешко дека ќе ја прифати понудата, колку и да е примамлива, бидејќи Португалецот планира да одигра барем уште една сезона во европската елита.
Во моментов неговиот агент Жорже Мендеш не може да најде нов тим за својот клиент, иако веќе го понудил на речиси сите големи клубови.
Самиот Роналдо сака да го напушти Манчестер Јунајтед за да игра во Лигата на шампионите.