Саудиска Арабија планира 200 км долгиот брег на Црвеното Море да го претвори во туристичка дестинација, каде планира изградба на луксузни хотели и резиденции.

Парите потребни за проектот на црвеното Море ќе ги обезбеди од Јавниот инвестициски фонд на Арабија. Проектот ќе биде реализиран во согласност со меѓународните стандарди, а со нив оваа земја ќе го трансформира своето стопанство кое се потпира на производство на нафта.
„Овој проект ќе привлече водечки светски имиња во светот на туризмот и угостителството кои со своето знаење и компетентност ќе ги збогатат искуствата на оваа дестинација, ќе пружат вресности на посетителите и ќе ја зголемат стопанската корист на земјата“, се наведува во соопштението кое го објави државната агенција на Саудиска Арабија.
Проектот ќе се протега на 34.000 квадратни километри, а се наоѓа меѓу градовите Умлуј и Ал Вајх, на само неколку километри од заштитените резервати на кралството и изумрените вулкани во подрачјето Харат ал-Рахат.
За мнозинството туристи кои ќе ја посетуваат оваа ривиера нема да им треба виза, а другите ќе ја вадат онлајн. Проектот на почеток ќе го финансира Јавниот инвестициски фонд, а потоа се планира партнерство со водечки меѓународни компании.
Целта е да се привлечат туристи кои ќе ги вдат историските и природните знаменитости на Саудиска Арабија.
„Љубителите на авантури ќе можат да се движат меѓу неактивни вулкани кои се наоѓаат покрај подрачјето на проектот, а аентузијастите за нуркање, ќе може да ги истражуваат коралните гребени во морето“, се вели во соопштението.
Принцот Мухамед бин Салман најави дека до 2020 година Саудиска Арабија ќе има отворено 450 клубови во кои ќе се одржуваат културни манифестации.
Овој проект треба да овори 35.000 работни места и да го зголеми БДП за 4 милијарди долари.