Саудиска Арабија ќе купи од САД оружје за 109.7 милијарди долари, пренесе ББС со упатување на портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер.

Тоа е најголемата  зделка со оружје  во историјата на САД. Спајсер објави во социјалната мрежа Твитер дека претседателот Доналд Трамп го  потпишал на 20 мај, при официјалната посета на саудиската престолнина Ријад.

Според информации на агенција “Ројтерс”, договорот меѓу двете земји предвидува Саудиска Арабија да купи 1 50 хеликоптери Black Hawk во вкупна вредност од 6 милијарди долари, а исто артилериска и блиндирана техника бродови за крајбрежна стража, противракетни комплекси “Патриот” и THAAD.

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека оружениот договор ќе им овозможи на Саудиска Арабија да учествува поефикасно во антитерористички операции во регионот и да се олесни функциите на САД во оваа сфера.

Повторното вооружување на Ријад ќе помогне на арапската земја во одржувањето на безбедноста во регионот на Персискиот залив , како и да се спротивстави на влијанието на Иран и со него поврзаните ризици за регионот, дополнуваат од американското Министерство за надворешни работи.

Според зборовите на државниот секретар Рекс Тилерсон, склучувањето на оружениот договор е историски момент во односите меѓу САД и Саудиска Арабија, која е традиционален геополитички противник на Иран.

Пред потпишувањето на договорот претседателот на САД беше награден со највисокиот орден на Саудиска Арабија. Наградата го носи името на основачот на владејачката династија во Саудиска Арабија – Кралот Абдул Азис.