Саудиска Арабија нема да учествува на конференцијата за Украина во Швајцарија поради отсуство на делегати од Русија, јави ТАСС.
Изворите велат дека украинскиот претседател Володимир Зеленски сакал да ја посети Саудиска Арабија на 1 јуни за да добие поддршка за претстојната конференција за Украина, која ќе се одржи во Швајцарија на 15 и 16 јуни.
Сепак посетата е одложена и може да се организира само по конференција, пишува германската новинска агенција dpa, која се повикува на дипломатски извори од Ријад.