Саудиска Арабија погубила 30-годишник оти како дете учествувал во протести

Тој бил шиитски муслиман, а учествувал во протести против владината дискриминација на малцинствата

од desk2
12 прегледи

Саудиска Арабија денеска соопшти дека погубила 30-годишен маж поради кривични дела што ги сторил кога имал 15 години. Џалал ал Лабад, кој бил затворен во Централниот затвор во Дамам, во јули2019 година бил обвинет според Законот за кривични дела тероризам, за загрзоување на националната сигурност, ширење терор и поддржување вооружени групи.

„Знаеме дека тие обвиненија на ниту едно ниво не се праведни. Џалал бил приморан да потпише признанија поради мачење“, вели Дуаа Даини, адвокатка на Лабад.

Тој инаку е втор член од неговото семејство што е погубен од саудискиот режим. Еден од неговите постари браќа е погубен во 2019 година. Друг постар брат, Мохамад, е осуден на смрт, но казната уште не е извршена.

Лабал учествувал во протестите поттикнати од Арапската пролет во неговиот град-енклава, Катифа, која е населена со Шиити. Тој и неговите браќа учествувале во протестите, за да се запре со, како што велат, владината дискриминација на шиитите во Саудиска Арабија. Лабад и неговите браќа биле уапсени за учество во протестите.

Саудиска Арабија оваа година погубила најмалку 260 луѓе, според податоците на британската организација Reprieve, а погубувањето на Лабад, го крши законот од 2018 година, кој забранува извршување смртна казна над лица помлади од 18 години во моментот на кршење на законот.

Слични содржини