Саудиски „Арамко“ оствари рекордна добивка од 48 милијарди долари

од Vladimir Zorba

Саудискиот нафтен гигант „Арамко“ го собори сопствениот рекорден профит откако во вториот квартал од оваа година оствари профит од 48 милијарди долари.

Ова е зголемување од 90 отсто во однос на истиот период минатата година и претставува највисока нето добивка на најголемиот светски извозник на нафта од 2019 година.

Нето добивката на таа нафтена компанија порасна на 87,9 милијарди долари во првата половина од годината.

Слични содржини