Саудиските милиони доаѓаат во Каталонија: Рафиња мета на Ал-Итихад

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Рафиња оваа сезона игра како препороден во дресот на Барселона, а секако тоа не остана незабележано ниту во Саудиска Арабија.

Бразилецот бележи фантастични партии. Тој е еден од водечките играчи на тимот од Каталонија и заедно со Роберт Левандовски е најдобар стрелец на тимот.

Рафиња во досегашниот тек од сезоната на 21 натпревар постигна 16 гола и додаде десет асистенции. Ова не остана незабележано од другите клубови, особено оние од Саудиска Арабија.

Рафиња речиси ќе си заминеше од Барселона ова лето, но неговата фантастична форма го убеди Ханси Флик да остане. Сепак, на каталонскиот тим ќе му биде тешко да ја одбие понудата од Ал-Итихад.

Клубот од Саудиска Арабија подготвува голема понуда за Бразилецот, а точната сума се уште не е позната иако се шпекулира дека надминува 100 милиони евра.

Рафиња во својата кариера настапуваше и за Гимараеш, Спортинг, Рен и Лидс, а за бразилската репрезентација на 31 натпревар постигна десет гола.

Слични содржини