Саутгејт по историскиот резил: „Јас сум виновен“

од Vladimir Zorba
288 прегледи

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт допрва треба да се соочи со многу критики по срамниот пораз на Унгарија со 4-0 од Унгарија во Лигата на нации. Ова е најтешкиот пораз за тимот на домашен терен од 1928 година, кога Шкотска триумфираше на Вембли со 5:1. Како и да е, Британците никогаш не загубиле со таков резултат дома од ривал надвор од Британија.

„Тешка ноќ. Одговорноста е моја. Во текот на натпреварот направив промени во нападот, поради што почнавме да играме премногу отворено. Јас сум виновен за нашата лоша претстава на сите 4 натпревари. Се обидов да внесам рамнотежа во тимот давајќи им шанса на некои од помладите играчи. Вистината е дека на двете средби со Унгарија не бевме доволно добри и бевме казнети“, прокоментира Саутгејт.

„Денеска почнавме добро, но првиот гол ни ја одзеде потребната самодоверба. По паузата создадовме неколку ситуации, но добивме втор гол, што многу влијаеше на нашето расположение. За младите ова е драгоцено искуство. Можеби им ставив преголема одговорност против силен тим како Унгарија“, продолжи Саутгејт.

„Ја разбирам реакцијата на навивачите. Најважно е да не престанат да не поддржуваат. Младите ќе станат подобри. Моја должност е да ги заштитам играчите, како и да бидам одговорен за резултатите“, додаде селекторот на „трите лава“.

Слични содржини