261
Селекторот на Англија, Герет Саутгејт истакна дека сегашната генерација на „Гордиот Албион“ извлече поуки од претходните неуспеси и е подготвена за голем резултат на Евро 2020.
– Сè ќе се види утре. Ние сме во финалето и тука сме да победиме. Ние сакаме да им го донесеме трофејот на сите. Се подготвуваме како и за секој натпревар, вели англискиот тренер.
Тој се осврна и на писмото што тој и играчите го добија од кралицата Елизабета Втора.
– Фантастично е да се добие писмо од Кралицата и премиерот, што значи дека тие препознале дека играчите и професијата се на добар пат, додаде Саутгејт.