Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, призна дека постои голема можност да се повлече по Европското првенство.
„Ако не го освоиме турнирот, веројатно нема да останам“, изјави тој за „Билд“.
Саутгејт е на чело на островјаните од 2016 година, кога го замени Сем Алардајс. Со текот на годините, стручњакот така и не донесе трофеј дома, а најблиску до таков беше на претходното Европско, кога тимот играше финале против Италија.
„Веројатно сега ова ќе биде последна шанса“, додаде Саутгејт. „Мислам дека по секое вакво првенство заминуваат околу половина од селекторите. Тоа е нормално за репрезентациите. Јас сум на чело на тимот скоро осум години и веќе бевме блиску до трофеј. Но, не можете постојано да одите пред луѓето и да велите „Дајте ми уште малку време“, бидејќи во одреден момент тие почнуваат да ја губат довербата во вас. Ако сакаме да бидеме голема екипа, а јас да бидам врвен тренер, мораме да бидеме најдобри во важните моменти“.