Саутгејт: Се уште сме меѓу фаворитите за ЕП 2024

од Vladimir Zorba
146 прегледи

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, рече дека неговата цел да го освои Европското фудбалско првенство не е променета, но призна дека перформансите на „трите лава“ мора значително да се подобрат кога денеска ќе се сретнат со Словенија.

Англија има 4 бода досега од два натпревари, Словенците имаат и 2 во групата Б. Ремито на Англија со Данска (1:1) беше жестоко критикувано од медиумите и навивачите на социјалните мрежи.

„Отсекогаш знаевме дека сме еден од тимовите што може да го освои Евро 2024. Не сме ги смениле нашите цели. Знаеме дека мора да го направиме тоа, мора да покажеме поинакво ниво од она што го покажавме досега“, рече Саутгејт на прес-конференција.

Темата потоа се префрли на критиките од голем број легенди, особено од поранешниот интернационалец и стрелец на Светското првенство, Гери Линекер. Саутгејт рече дека не бил свесен за нив.

„Тоа е светот во кој се наоѓаме и јас не го забележувам тоа“, изјави селекторот на Англија. „Тоа воопшто не ми е важно. Ако ме прашувате што е важно, тоа е тоа што ја води оваа група играчи напред на турнирот. Ние сме тим кој мора постојано да ги исполнува високите очекувања и целосно разбираме дека сè што правиме ќе биде под лупа. Така што ми е многу удобно да го живеам овој живот. Не треба да се занимавам со надворешни работи бидејќи јас сум мојот најголем критичар и мислам дека нашите играчи се свои најголеми критичари, изјави Саутгејт и уште најмалку пет минути зборуваше за истото прашање, а неговите одговори не се разликуваа.

Запрашан што би променил од тактичка и кадровска гледна точка, Саутгејт рече: „Очигледно нема да навлегувам во детали за ниту една од тие работи кога противникот и целиот свет ја слушаат нашата прес-конференција. Се разбира, ние ги презедовме сите неопходни мерки за да победиме и да завршиме на чело на групата. Ќе бидам оценет според тоа како игра тимот, го разбирам тоа и се чувствувам удобно поради тоа“.

На прес-конференцијата беше и Деклан Рајс, кој рече дека неговиот тим е внимателен во врска со заканата од словенечкиот напаѓач Бенџамин Шешко.

Моќниот напаѓач беше поврзуван со трансфер во Арсенал пред неодамна да го продолжи договорот со германскиот клуб РБ Лајпциг.

„Јас ја гледав Словенија и тие беа навистина добри, тие имаат силни играчи кои се навистина брзи. Главната точка на разговор е Шешко – тој беше огромна цел за клубовите ширум Европа“, рече Рајс.

„Очекуваме да не нападнат затоа што ќе сакаат да победат и да го шокираат светот“, порача тој.

Слични содржини