Саутгејт: Топ тим не може да загуби два натпревари по ред

од Vladimir Zorba
323 прегледи

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт беше задоволен по ремито на гостувањето на Германија во Лигата на нации. Англичаните губеа до 88. минута, кога Хари Кејн од пенал донесе реми со својот 50. гол за репрезентацијата.

„Беше многу важно да се израмни, бидејќи уште еден резултат би бил многу разочарувачки. Ги мотивиравме играчите за натпреварот со зборовите дека врвна репрезентација не може да загуби два последователни натпревари (на стартот Англија загуби со 0:1 од Унгарија) и тие реагираа на потребниот начин.

Мислам дека целосно заслуживме да израмниме. Столбот на нашиот тим е составен од 7-8 играчи кои играа во полуфиналето на Светското првенство. Тие се поддржуваат и се борат еден за друг. Ова е многу важно за постигнување резултат на вакви натпревари како денешниот“, прокоментира Саутгејт.

Слични содржини