32
Герет Саутгејт се повлекува од селекторската функција на Англија.
Ова е негова лична одлука и доаѓа два дена по поразот во финалето на ЕП.
Стручњакот си заминува по речиси осум години на чело на тимот, во кој го водеше на 102 натпревари.
Под водство на Саутгејт, „трите лава“ не освоија ниту еден трофеј, иако играа во две финалиња на Европско првенство.
Уште пред почетокот на штотуку завршеното континентално натпреварување во Германија изјави дека доколку не ја донесе титулата, најверојатно ќе си замине.