Савески на фб: Фала ви за големата поддршка, борбата продолжува!

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Здравко Савески од Левица кој утрово беше уапсен па пуштен во куќен притвор со кривична пријава за учество на протест, преку својот Фејсбук профил вечерва се заблагодари за поддршката.

saveski_vo_lisici_zigosana1-670x377

„Фала ви на сите, од срце, за големата поддршка што ми ја дадовте. Ептен многу ми значи и ептен многу ме охрабрува. Одреден ми е куќен притвор од 8 дена. Борбата продолжува“, напиша Савески.

Инаку, на Здравко Савески и на Владимир Куновски, двајцата членови на Левица, судијата на претходна постапка им одреди мерка 8-дневен куќен притвор и одземање на пасошите откако двајцата добија кривични пријава за дело учество во толпа што ќе стори кривично дело.

– Утврдено е дека Здравко кривичното дело го извршил на тој начин што влегол во демолираната канцеларија заедно со дел од толпата, запалил фотографија од претседателот Ѓорѓе Иванов и фрлал со предмет кон Народната Канцеларија на Претседателот, додека Владимир кривичното дело го извршил на тој начин што, додека истиот се наоѓал во внатрешниот дел од Народната Канцеларија на Претседателот, преку искршениот прозор исфрлал неколку канцелариски столчиња на тротоарот и на излегување од внатре изнесувал две дрвени фиоки и еден пакет сокови кој надвор го разделил на присутните, соопштија од МВР.

Фото – Телма

Слични содржини