250
Советот за безбедност на ОН во понеделникот повика на формирање нова влада во Авганистан преку преговори, која ќе биде „обединета, инклузивна и репрезентативна и ќе вклучува целосно, еднакво и значајно учество на жените во неа“.
Телото, чии членови се состанаа во понеделникот за да разговараат за ситуацијата во Авганистан, исто така повика на итен прекин на непријателствата и кршење на човековите права.
Советот побара и на сите страни да им се даде итен, безбеден и непречен хуманитарен пристап.