„School’s out” забава во ЗОО Скопје со Стефонатор, ЏП и Денсерс Јунајтед

од Vladimir Zorba
229 прегледи

На 9-ти Јуни Скопје ЗОО подготвуваат возбудлив настан за учениците со цел да се прослави крајот на училишната година.

Со почеток во 13:00 часот посетителите во Зоолошка градина Скопје ќе имаат можност да се дружат и забавуваат со GP и STEFFONATOR, Јутјуб милениците на најмладите, а како специјални гости ги имаме и светските и европски шампиони во хип хоп, „Денсерс јунајтед МК“.

Танчерите од танцовото студио „Денсерс јунајтед МК“ на 18 мај во Римини, Италија освоија уште еден златен медал на Европското првенство во хип хоп. Овој медал на танчерите со Даунов синдром им е 5-ти надвор од земјата на светски или европски првенства, а во Македонија се државни прваци од 2015.

За сите посетители ќе има и подароци од пријателите и донаторите на Скопје ЗОО. Настанот е во организација на Зоолошка градина Скопје и Град Скопје.