СДК: Груевски имал неколку станови во зградата на „Бихаќка“, еден од нив е на име на секретарката

од Nikola Popovski
375 прегледи

Обвинителството за гонење на организиран криминал врши претрес во станот на поранешниот премиер, Никола Груевски, а според информациите од СДК.мк , истрагата за плацевите на Водно, се проширува и на новооткриени негови станови купени со пари на членството.

„Според првичните информации, еден од новооткриените станови за кои има сомневања Обвинителството дека се стекнати незаконски, гласи на име на една од секретарките на Груевски.

Груевски има два стана на „Бихаќка“ на име на мајка му Надежда, за кои веќе јавноста знае, а има уште два стана во Аеродром и во Капиштец, исто така на име на мајка му“, пишува СДК.

Од Обвинителството неодамна споделија детали за истрагата, односно дека најпрвин Груевски, од 2006 до 2012 година, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, дел од партиски донации кои ги добивал лично или преку општинските комитети, ги задржувал за себе, па така прибрал најмалку 1,3 милиони евра. Од октомври 2012 до септември 2013 година, парите ги потрошил со купување на градежно земјиште на Водно, поточно на зафатот веднаш над Панорама, односно во местото викано Шербетница.

Утрово исто се вршени претреси во објект на поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиевски во Прилеп.

Слични содржини