СДСМ: 2022 е година на најголемите лаги на Мицкоски, заложникот на Апасиев

од Radmila Tasevska
132 прегледи

Од позициската партијата СДСМ велат, Мицкоски лаже дека македонскиот јазик ќе бил прогласен за бугарски дијалект, дека нема да ги започнеме преговорите со ЕУ.

„Оваа 2022 година е година на најголемите лаги и невистини на Христијан Мицкоски.

Немаше период од годината а Мицкоски да не излезе со тешка лага, манипулација или конструкција.

Слаб и без став, Мицкоски стана целосен заложник на Димитар Апасиев.

Го лажеше народот дека со прифаќањето на европскиот предлог, ќе следи асимилација и бугаризација.

Лажеше Мицкоски дека македонскиот јазик ќе бил прогласен за бугарски дијалект, дека нема да ги започнеме преговорите со ЕУ.

Во годината во која започнавме преговори со ЕУ со заштитен идентитет и јазик, ќе остане запаметено дека се што кажа Мицкоски – излажа.

На Мицкоски не може да му се верува“, пишува во соопштението на СДСМ.