Владата на Мицкоски и ДПМНЕ се задолжува интензивно на сите страни. Нови над 200 милиони евра долгови власта натовари на грбот на граѓаните за само неколку месеци. Пред само десетина дена власта се задолжи со 128 милиони евра преку државни записи и обврзници, обвинија утрово од СДСМ преку соопштение.
Според најголемата опозоциска партија, вкупниот долг за времето на досегашното владеење на власта изнесува 700 милиони евра за само 6 месеци.
-Во исто време додека се трупаат огромни долгови платите стагнираат , трошоците за живот ратст а граѓаните имаат се помалку пари во своите џебови, додаваат од СДСМ.
Најверојатно до крајот на месецов банките ќе ги добијат договорите за да може конечно да почне пласманот на унгарските пари кај фирмите. Измените во Законот за јавен долг по скратена постапка поминаа во собранието. Тоа е некако сигнал дека работите полека финишираат.
Стигнуваат предлози и решенија за минималната плата од бизнис секторот. За минималец од 500 евра, но со исти придонеси, прилепските бизнисмени не се противат, но сугерираат – да има разумно, а не административно зголемување кое може да ја активира инфлаторната спирала. Секој предлог е добредојден, но потребни се анализи како ќе влијае на стопанскиот раст, а што може да издржи државниот буџет.
Законот од 2012 година ја носи формулата за пресметување – по 50 насто од просечната нето-плата и индексот на трошоците за живот од лани. Местото за анализи и предлози е Економско-социјалниот совет. Порамнувањето е во март.