На површина, во јавноста излегуваат нови докази околу скандалот за телохранителот на Мицкоски.Телохранителот на Христијан Мицкоски, извесен Влатко Илиевски, со еден купопродажен договор, на крајно сомнителен начин продал земјиште од речиси 40.000 метри квадратни во регионот на Делчево, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Таа потенцира дека договорот е вреден неверојатни 500.000 евра, а парцелите кои Илиевски ги продал не ги купил, туку тие ги добил на дар само неколку недели пред да ги продаде.
-Зошто некој би дал подарок земја од 40.000 метри квадратни?Еве ги договорите кои отвораат сомнежи. На Илиевски во период од десеттина денови му се подаруваат парцели земјиште со вкупна површина од близу 40.000 метри квадратни.Сите парцели Илиевски потоа ги има продадено.Овие шеми се случуваат пред почеток на изборната кампања, за што предистрага има отоврено и надлежна институција.Сите факти од документите кои што се веќе објавени во јавноста и лесно достапни покажуваат инволвираност на лица кои се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.Телохранител на Мицкоски, поранешен претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен советник од ВМРО-ДПМНЕ во општина Делчево, татко на пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, вели Кузеска.