СДСМ: Ахмети предлага исто што и Груевски – реконструкција наместо оставка

од Vladimir Zorba
85 прегледи

По завршувањето на паузата од втората лидерска средба на Груевски, Заев, Ахмети и Тачи, од СДСМ велат дека засега нема услови за почеток на преговори, и велат остануваат концизни на своето барање за оставки на целата влада, а потоа формирање на преодна влада без Никола Груевски со која би се дефинирала рамката за дијалог, јави он-лајн телевизијата Нова.

22480golema-540x314

Според СДСМ, предлогот на Ахмети на денешната средба бил како и претходната средба, доставен во писмена форма, со кој предлага реконструкција во владата и формирање на работни групи со кои би се разгледување останатите барања на опозицијата.

СДСМ не ги прифаќа таквите работни групи затоа што сметаат дека немаат политички легитимитет. За било каков политички дијалог, СДСМ бара гаранција за преодна влада.

Амбасадорот на САД, Џес Бејли и претставникот на ЕУ во земјава, Аиво Орав и денеска се присутни како набљудувачи на средбата.

Средбата сеуште трае, од СДСМ велат дека нема да отстапат и нема да прифатат било каква форма на дијалог без претходно да се формира преодна влада, а останатите политички партии за сега немаат никаков коментар за формата во која се одвива средбата меѓу политичките лидери.

фото: Нова