СДСМ: Ако Мицкоски сака разговор за предлозите за уставните измени нека одреди тимови

од Vladimir Zorba
160 прегледи

„Доколку Мицкоски сака разговор за предлозите околу уставните измени нека одреди тимови“, соопштија утрово од СДСМ.

„Мицкоски го промени ставот и прифати уставни измени, прифати учество во заедничка широка Влада со СДСМ и прифати дека овој собраниски состав има мандат за уставни измени.

Овие приближувања се добра основа дијалогот за сите детали и предлози да продолжи со тимови односно работни групи. СДСМ за тоа е подготвена.

На потег е Мицкоски, во спротивно тој ќе биде причината за затворање на вратата за дијалог, важен за европската иднина на државата“, велат оттаму.

Слични содржини