СДСМ: Апсолутно не го поддржуваме кандидатот на Мицкоски во Карпош, за фотографијата ќе бараме објаснување од Мојсова!

Во целост ги демантираме шпекулациите дека фотографијата на Маја Мојсовa со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски се било каква поддршка од СДСМ за Лукровски.

од Vladimir Zorba
38 прегледи

СДСМ преку Фејсбук статус порача дека не дава никаква поддршка за Сотир Лукровски!.

Како што велат, во целост ги демантираат шпекулациите

„Во целост ги демантираме шпекулациите дека фотографијата на Маја Мојсовa со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски се било каква поддршка од СДСМ за Лукровски.

СДСМ апсолутно не го поддржува кандидатот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ против кој се бореше партијата во првиот круг.

СДСМ ќе побара објаснување од Маја Мојсова за фотографијата“, велат од СДСМ.