Градоначалничката Данела Арсовска смета дека со мерка која траеше само еден ден како што беше бесплатниот автобуски превоз го решила аерозагадувањето во главниот град, посочуваат од СДСМ.
-Не постои друго логично објаснување зошто Арсовска ги укинува мерките за спречување на загадувањето на воздухот во Скопје, а нема ниту дополнителни мерки.Арсовска дури за три пати ги намали парите за Секторот за животна средина, ги намали и средствата за субвенционирање на трошоците за набавка на инвертори.Таа истовремено ги укинува и девалвира добрите еколошки проекти воведени од градоначачлникот на СДСМ Петре Шилегов.Со ваков пристап, Арсовска не може да го реши проблемот со загадувањето на воздухот во Скопје.Таа нема ниту знаење ниту способност и покажува крајна неспособност и аматеризам, велат од СДСМ.