Од СДСМ, велат, Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ се едно, нивните кавги се само заради тендери.
„Вчера Советот на Град Скопје го усвои Буџетот на Градот за 2023 година, предложен од градоначалничката Данела Арсовска.
За усвојување на Буџетот гласаа советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица со што докажаа дека нивната коалиција со Арсовска и натаму функционира.
Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ се едно, нивните кавги се само заради тендери.
ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје има своја градоначалничка има претседател на Совет и мнозинство во Советот, ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство на членови во управните одбори во јавните претпријатија и со тоа ја има целата одговорност за катастрофата што му се случува на Скопје.
По вчерашното усвојување на Буџетот, ВМРО-ДПМНЕ ја потврди коалицијата со Арсовска и докажа дека секој нивни обид да се оттргнат од Арсовска е само уште една лага на партијата предводена од шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски“, пишува во соопштението на СДСМ.