СДСМ: Арсовска никаде ја нема освен што прави се против проектот за Бас рапид системот

од Берта Китинска
359 прегледи

Помина еден месец од одржаните локални избори, а градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се уште не се фаќаат за работа.Граѓаните сведочат дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во овој период успеаја само да ги промовираат проектите на СДСМ во јавноста, истите оние кои ги критикуваа, како и да го промовираат Христијан Мицкоски, велат од СДСМ.

-Во Гази Баба беше промовиран проект на СДСМ за канализација, проект на СДСМ во Аеродром за фотоволтаици, проект на СДСМ во Кисела Вода, но и во други општини.  Данела Арсовска никаде ја нема, освен што прави се против проектот за Бас рапид систем. За еден месец не успеа ниту да го обележи булеварот Киро Глигоров, што го направи Петре Шилегов, коментираат од партијата.

Оттаму додаваат дека претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, упорно не закажува вонредна седница на барање на советниците од СДСМ, коалицијата и ДУИ за исплата на финансиска помош за семејствата на настраданите во несреќата во Бугарија.

-Безобразно и во целост спротивно на препораките на УНЕСКО, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со уништување на Охрид и Охридско Езеро.Уште на стартот од мандатот го покажаа своето режимско лице.

Јавноста е сведок и дека во неколку општини уште во првите недели се бркаа луѓето од работа, се понижуваа само затоа што не се членови или симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ.Уште на почетокот на мандатите на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ може да се заклучи дека наместо за интересите на граѓаните и општините, работат исклучиво за интересите на заменик градоначалникот Христијан Мицкоски, велат од партијата.

Слични содржини