СДСМ: Арсовска вработи 109 партиски кадри од ВМРО-ДПМНЕ и водеде билет од 120 денари

од Берта Китинска
169 прегледи

Од СДСМ соопштија дека за неполни три месеци од мандатот на Арсовска се реализирани: партизација на Градот, прекинување на проекти и изземање од одговорност за своите надлежности.

– Арсовска овие неполни три месеци ги искористи максимално да ја партизира градската администрација и да вработи 109 партиски кадри од ВМРО-ДПМНЕ и на директорски позиции во Јавни установи и претпријатија да постави партиски функционери од ВМР0-ДПМНЕ. Арсовска не само што не воведе бесплатен јавен превоз како што лажно ветуше во нејзината предизборна кампања, туку воведе нов билет од 120 денари во ЈСП, а го прекина и проектот Бас рапид транзит за кој беа обезбедени пари од Европската банка за обнова и развој. На сите им стана јасно по првите 82 дена од мандатот дека Арсовска е најнеуспешниот градоначалник на Скопје, соопштуваат од СДСМ.