СДСМ бара итна истрага за бегството на Блерим Рамадани: Дали ќе одговара некој во МВР за бегството на Рамадани

од Илинка Илиоска
20 прегледи

СДСМ повторно ги осуди обидите на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски да се изземат од одговорност за бегството на Блерим Рамадани, „кој моментално се наоѓа на Косово и се фотографира на социјалните мрежи“.

„Обидите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да се дистанцираат од одговорноста за бегството на Рамадани изгледаат смешно. Одговорноста за неговото обезбедување во куќен притвор лежи на Тошковски и МВР, кои очигледно не го спречиле неговото бегство,“ велат од СДСМ.

СДСМ поставува прашања за процедурата и безбедноста во МВР, и бара објаснување за тоа како Рамадани успеал да избегне од куќниот притвор. Прашуваат дали е покрената постапка за внатрешна контрола и кој ќе сноси одговорност за пропустите.

„Дали ова значи дека секој кој е под куќен притвор може слободно да избега, или одговорноста лежи на оние кои требало да го обезбедуваат?“ се прашуваат од СДСМ. Тие обвинуваат дека бегството на Рамадани може да е дел од однапред договорен план со косовските власти.

„СДСМ бара итна истрага во МВР и извештај за бегството на Рамадани. Ако одговорноста остане само кај судот кој го определи куќниот притвор, тогаш ќе биде јасно дека апсењето на Рамадани беше само манипулација,“ додаваат од партијата.

СДСМ повикува на прекин на манипулациите од страна на ВМРО-ДПМНЕ и на итно преземање на мерки од страна на МВР.

Слични содржини