СДСМ бара Мицкоски да им се извини на граѓаните за искажаните лаги

од Nikola Popovski
135 прегледи

СДСМ бара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да им се извини на граѓаните и своето членство, поради како што тврдат, тоа што ги лаже со години.

-Пред само два месеци Мицкоски повторно најавуваше дека има 61 пратеник и дека во јануари или февруари ќе има ново парламентарно мнозинство за да се распушти Собранието и да се распишат предвремени избори.

Еве пројде јануари, дојде февруари ниту Мицкоски има 61 пратеник, ниту има ново мнозинство, ниту распиштање на Собранието. А владејачкото мнозинство може да се зголеми.

Мицкоски ги лажеше и ги плашеше граѓаните и за енергетската криза дека нема да има доволно струја и енергенси, дека електричната енергија значително ќе поскапи, дека ќе има рестрикции.

Сето тоа е демантирано од реалноста, исто како што му потонаа лагите за асмилација и бугаризација, за македонскиот јазик како бугарски дијалект и ред други невистини изнесени од Мицкоски, соопштија од СДСМ.

Според владеачката партија, „Мицкоски со лаги се бори да дојде на власт и да ја спаси својата фотелја во Белата палата, но повеќе никој не му верува“.