СДСМ бара од Сиљановска да го запре спојувањето на АНБ со АР

од Nikola Popovski
51 прегледи

Тоа што премиерот и Владата го направија со назначувањето на новиот директор на АНБ е во манир на диктаторство и направија партиско киднапирање на една од најсериозните институции во сферата за безбедноста. Ние многу време и инвестиции потрошивме за да се професионализира таа институција, рече денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче за новото раководство на АНБ.

Според него, изборот на Бојан Христовски за нов директор на АНБ значи „форма на понижување“.

-Со овој манир, премиерот Мицкоски потсетува на неговиот партиски претходник кога овие институции се користеа и за пресметка со политички неистомисленици и новинари. Не може поинаку да се толкува назначувањето на оваа осетлива позиција, рече Филипче на прес-конференција во Собранието.

Тој ја повика претседателката Гордана Сиљановска-Давкова да заземе свој став и да го запре најавеното спојување на АНБ со АР, односно „да не се откажува од нејзините ингеренции“.

-Кога би се фузионирала, ќе биде гломазна институција која што тешко ќе се контролира. Видовме во едно минато време до 2016 година, за што и како се користеше, додаде лидерот на СДСМ.

Слични содржини