СДСМ бара одговори: Дали парите за рекет од „Пулс“ завршувале кај ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски?

од Nikola Popovski
23 прегледи

СДСМ денеска порача дека поминаа 24 часа од објавата на скандалот кој ја тресе јавноста, а од ВМРО-ДПМНЕ не се огласуваат со став.

-Ниту збор, ниту објаснување, ниту демант. Зошто молчите, господине Мицкоски? Македонија заслужува одговори. СДСМ вчера објави документирани информации дека фирмата „Салтировски Консалтинг“, сопственост на сопругата на началникот на СВР Штип кој Мицкоски четри месеци го штитеше, е долгогодишен донатор на ВМРО-ДПМНЕ. Покрај компанијата донирала и самата сопруга на Салтировски сериозни суми во 2020, 2021 и 2024 година.

Истата таа фирма, според нашите сознанија, можеби водела фиктивно сметководство за фирмите поврзани со дискотеката „Пулс“. Постои сериозен сомнеж дека преку неа биле исплаќани паушали за полициска заштита на локалите кои биле оставени без контрола, меѓу кои и „Пулс“ – каде животот го загубија 62 деца, рече Симона Цветаноски – членка на Извршниот одбор на СДСМ.

Според неа, уште потежок е сомнежот: Дали токму тие пари, од подземјето, завршувале во кампањите на ВМРО-ДПМНЕ?

-Дали „Салтировски Консалтинг“, сопственост на сопругата на началникот на СВР Штип служела како фирма параван за прибирање на рекет од локалите кои биле изоставени од контрола на полицијата – како што бил примерот со дискотеката „Пулс“? Дали оваа компанија водела фиктивно сметководство за компаниите „Класик“ ДООЕЛ и „ММММ“ Дооел кои управувале со дискотеката „Пулс“ на газда Деко? Дали со транши од Деко на „Салтировски консалтинг“ ДООЕЛ од Делчево се исплаќал договорениот паушал за полициска заштита на „Пулс“? Дали „Салтировски Консалтинг“ ДООЕЛ била вмешана и во скандалот „Делчевски Ниви“ кој магично исчезна од судските процеси? Конечно, дали овие пари од Деко завршувале за финансирање на кампањите на ВМРО-ДПМНЕ, повторно праша Цветаноски.

Од „Бихаќка“ го предупредија Мицкоски да ги тргне „партиските канџи“ од Обвинителството и судството.

Слични содржини