СДСМ бара оставки од Таравари и Мемеди по зголемениот број на починати деца

од Nikola Popovski
23 прегледи

СДСМ вели дека жали поради тоа што изминатиов период сме сведоци на вести за починати деца на Клиниката за детски болести. Според партијата, овие трагедии отвораат низа прашања не само за Клиниката за детски болести туку и за целокупниот здравствен систем, за кои јавноста заслужува итни и јасни одговори.

Оттаму партијата на Венко Филипче упати неколку прашања до здравствените власти.

-Како се случуваат ваквите пропусти? Каде затајува системот? Дали се прават обиди за прикривање лекарски грешки? Во 21 век, во време кога во светот се лансираат современи технологии во здравствениот систем, нашата статстика лани за само шест месеци регистрираше 19 починати доенчиња и едно петгодишно девојче. Ова е страшно и загрижувачки, рече Белкиса Зеќири, членка на Извршниот одбор на СДСМ.

Поради тоа, додава Зеќири, одговорност и оставки треба да поднесат министерот за здравство, Арбен Таравари и директорот на Клиниката за детски болести, Мемеди. Притоа, СДСМ бара инсистира на темелна истрага, длабоки анализи и превентивни мерки.

Две новороденчиња, близначиња, на околу 20-тина дена старост починале вчера околу пладне, а јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Прилеп нареди обдукција за да се утврди причината за нивната смрт. Новороденчињата, машко и женско, биле во тешка здравствена состојба. Семејството од домот во прилепското село Славеј повикало Итна помош. Екипата на Итната помош штом пристигнала констатирала смрт кај едното бебе, а другото било префрлено во прилепската болница во тешка состојба, каде починало.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска треба да го започне вонредниот инспекциски надзор за смртта на деветгодишното дете од Свети Николе, кое во вторникот почина на Детската клиника во Скопје. Од ДСЗИ велат дека по завршување на надзорот, јавноста ќе биде известена. Претходно, за смртта на деветгодишното дете со соопштение излегоа од штипската Клиничка болница, каде што детето било донесено на 14 јануари тешка општа состојба. Веднаш биле направени биохемиски иследувања и КТ на глава и поради тешката состојба, а со медицинска придружба во 19 часот, истиот ден, детето било транспортирано до Универзитетската клиника за детски болести во Скопје.

Од СДСМ излегоа и со информација за останатите смртни случаи.

-Кон крајот на минатата година седуммесечно бебе почина на Клиниката за детски болести, откако му беше одбиена хоспитализација без никакво образложение. 14-месечно бебе почина на детската клиника кое исто така беше одбиено за болничко лекување. Понатаму, бебе од Струмица, старо само осум дена, почина од сепса, стоеше во нивното партиско соопштение.

Слични содржини