СДСМ бара посебна седница на Советот на град Скопје за хаосот, за состојбата во јавните претпријатија.За само една година, ВМРО-ДПМНЕ во Скопје предизвика целосен колапс на градот и јавните претпријатија под негова надлежност, вели Белимов од СДСМ.
-Иако вработените ја добија платата, останаа неодговорени прашањата за милионските долгови што ЈСП ги има направено во последната година. Ситуацијата не е добра ниту во другите јавни претпријатија како Улици и патишта и Паркови и зеленило, каде една година управува ВМРО ДПМНЕ.Сето ова е поради неспособноста на градската власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска. Не само што нема нови проекти и инвестиции, не само што крупни проекти се прекинати, туку се доведува во прашање и основното функционирање на јавните претпријатија и установи во Скопје. Очекуваме ВМРО ДПМНЕ кое има мнозинство во Советот и Трајко Славевски како претседавач, да закаже наменска седница, кажа Белимов.