СДСМ бара ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи нивниот закон за покачување на платите до 15.000 денари

од Nikola Popovski
15 прегледи

Пратеничката група на СДСМ предлага законско решение кое ќе им помогне и на работниците и на компаниите, а ќе обезбеди и дополнителни приходи во буџетот. Со овој закон, кој СДСМ ќе го достави во Собранието, работодавачите во приватниот сектор ќе можат да ги зголемат платите на своите вработени за износ од 3.000 до 15.000 денари, без да мора да плаќаат придонеси за тој зголемен дел.

-Придонесите за пензиско, здравствено и социјално осигурување ќе бидат замрзнати на просекот од последните три исплати и тоа во траење од една година. Ова значи сигурност и предвидливост за компаниите, но и повисоки приходи за работниците. Оваа мерка ќе важи за сите работници со нето плата до 65.380 денари, што опфаќа околу 400.000 вработени во државата. Со просечно зголемување на платата од 7.500 денари, македонските граѓани ќе добијат дополнителни 585 милиони евра годишно, што ќе значи поголема потрошувачка и економски раст, рече денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа ги повика сите пратеници во Собранието, особено од ВМРО-ДПМНЕ, да го поддржат овој закон. Од СДСМ додаваат дека иако работодавачите нема да плаќаат придонеси за ова зголемвување, се уште ќе плаќаат данок на личен доход од 10% што значи дека во Буџетот ќе слеат 58,5 милиони евра од данокот.

И синдикатите и бизнис секторот се согласни дека минималната плата треба да биде повисока од законското усогласување, со кое минималецот ќе изнесува околу 24.400 денари. Синдикатите бараат минимална плата од 30 илјади денари и го поддржуваат предлогот на работодавачите за замрзнување на придонесите.

И граѓаните очекуваат минимална плата повисока од најавеното усогласување.

Слични содржини