СДСМ: Бројот на вработени намален за 17.000 – ова се последици од владеењето на Мицкоски

од Nikola Popovski
50 прегледи Фото: Принтскрин

Фрапатни се податоците кои покажуваат дека по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во 2024 година во земјава има над 17.000 помалку вработени, порачаа денеска од СДСМ, истакнувајќи дека тоа е директен резултат на погубните економски политики, хаосот и несигурноста, како и напуштање на политиките кои ги востастави СДСМ за стабилна и одржлива економија.

Најголемата опозициска партија тврди дека поради Владата, пазарот на труд се стеснува, продуктивното население е разочарано и заминува. Исто така наведуваат дека Фондот за пензиско осигурување е под притисок, бидејќи денес 1,63 вработени обезбедуваат една пензија, наместо 1,74 како што беше пред само една година.

-Владата нема стратегија, нема визија, нема мерки за задржување и отворање на нови работни места.

Ова се последици од владеењето на Мицкоски, се зголемува несигурноста за младите, пензискиот систем се доведува во ризик а приватниот сектор е оставен сам да се снаоѓа.

Граѓаните ја чувствуваат економската стагнација секој ден – на работа, на пазар, на семејна трпеза но за власта приоритет се манго, папаја, луксузни патувања за функционерите а не потребите на народот, стои во партиското соопштение.