Бугарски ставови влегоа во Резолуција на Европската народна партија на Конгрес на кој присуствуваше лично Христијан Мицкоски.Истите тие позиции Мицкоски ги поддржа а потоа се криеше од граѓаните, велат од СДСМ.
Оттаму посочуваат дека сосема спротивно на Резолуцијата за македонските црвени линиии усвоена во Собранието.
-Мицкоски прави штета, ги поткопува македонските позиции, ја руши државната стратегија.Ова што денеска го говори Мицкоски е ново продолжение на тоа негово делување под маса, срамно и подло.Мицкоски е очаен и подготвен се да распродаде за да дојде на власт, но тоа нема да се случи.Деструкциите и блокадите на Мицкоски одново ќе бидат поразени, посочуваат од владејачката партија.