Во време кога повторно има поголем број активни случаи од Ковид 19, кога лекарите и медицинскиот персонал не можат да здивнат поради состојбата со вирусот, Мицкоски си поигрува со здравјето на граѓаните и крши протоколи, обвини на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, по објавата на видео на социјалните мрежи од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Се гоштева Мицкоски во кафанска атмосфера, збиено седнат во тесна просторија. Неговата ВМРО-ДПМНЕ наутро бара онлајн настава а тој попладне крши протоколи и го загрозува здравјето на граѓаните. Нема ништо искрено во оваа партија, нема чесна намера ниту кон учениците ниту кон родителите ниту кон граѓаните. Тоа е лицемерието, неодговорноста и би додале самобендисаноста на Христијан Мицкоски. Едно зборува, друго прави. На штета на здравјето на луѓето. Ете колку не им тежи зборот. Дали е нормално и етички во верски објект некој да се однесува како да е кафана е едно прашање. Но, кршењето на протоколите за заштита на здравјето на луѓето повлекува одговорност“, рече Кузеска.