СДСМ: Дали Мицкоски намерно пласираше информации во јавноста за да се саботира голема полициска акција?

од Vladimir Zorba
382 прегледи

Дали Христијан Мицкоски намерно пласираше информации во јавноста за да се саботира голема полициска акција на нашите институции, МВР и меѓународни органи со помош на нашите стратешки партнери, саботажа која не успеа?, прашуваат од СДСМ.

Очекуваме официјални информации од надлежните институции кои треба да покажат дали Христијан Мицкоски одработува за криминалци, додаваат оттаму.