СДСМ: Дали Мицкоски стравува дека ќе заврши на црна листа?

од Берта Китинска
218 прегледи

Само една недела по посетата на Христијан Мицкоски на Унгарија, САД објавија дека неговиот шеф, Никола Груевски, е ставен на „црната листа“,истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
-Причините за оваа постапка од САД нашите граѓани многу добро ја знаат, тоа е вмешаност на Никола Груевски во корупција и криминал од невидени размери. Бројни судски предмети и признанија на поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ тоа го потврдуваат, како Твдрина, Титаник… Новина е можеби фирмата на Никола Груевски која треба да се утврди дали е поврзана со сомнителни финансирања по неговото бегство – рече Кузенска.

Се ова се случува, додава таа, во време кога Мицкоски оди во посета на Унгарија, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се уште во Собранието ги блокираат законите за Академијата за судии и обвинители.
-Се противеа на Законот за јавно обвинителство, затоа го блокираа изборот на нов Јавен обвинител. Нема појасен заклучок. Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето, тоа е истата криминална партија. Очигледно оваа партија со бел дворец ама со црна листа, се уште вистински е управувана од Никола Груевски. Оттука е молкот на Христијан Мицкоски – рече Кузенска.

Таа праша дали Мицкоски стравува дека и тој, како што вели, би можел да се најде на црната листа?