СДСМ изразува искрена поддршка и солидарност кон украинскиот народ во неговата херојска борба за слобода, демократија и суверенитет, по повод тригодишнината од руската инвазија на Украина. Партијата ги поздравува напорите на меѓународната заедница, особено САД и Европската Унија, кои цврсто стоеја сите изминати три години покрај Украина и ја поддржуваа во нејзината праведна борба.
-Изразуваме надеж и уверување дека оваа поддршка ќе продолжи се додека мирот, територијалниот интегритет и безбедноста на Украина не бидат целосно обезбедени.