СДСМ: ДДВ за струјата се намалува на 5 отсто, за помали сметки за граѓаните

од Берта Китинска
227 прегледи

Собранието денеска ги усвои измените на Законот за додадена вредност со кое ДДВ за електрична енергија се намалува од 18 на 5 отсто, велат од СДСМ.

-И покрај обидите за блокада од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, парламентарното мнозинство предводено од СДСМ уште еднаш покажа посветеност во заштита и унапредување на животниот стандард на сите граѓани.

Намалувањето на данокот на додадена вредност е со цел со пониски цени да им се помогне на домаќинствата за намалување на нивните трошоци.СДСМ секогаш е на страната на граѓаните и се грижи за подобрување на животниот стандард, соопштија од партијата.