СДСМ денеска со иницијатива за продолжување на конститутивната седница

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Иницијатива за продолжување на Конститутивната седница на Собранието со пратенички потписи денеска се очекува да  стигне до екс спикерот Трајко Вељаноски и претседавач со конститутивната седница , најавува висок партиски функционер од СДСМ,за 24 вести

Потоа Вељаноски би требало да свика координација да се прецизира составот на комисијата за избори и именувања , како и текот на седницата. Неофицијално од СДСМ неколку имиња се на маса за нов собраниски спикер, од  ДУИ има два предлога, од СДСМ и БЕСА по еден.

 

 

 

Истиот функционер вели дека до моментот на избор новото парламентрано мнзоинство ќе има договор за нов Претседател  од предлозите што се на маса.

Планот според најавите е функционално Собрание и избран Претседател да го дочека еврокомесарот за проширување.

Од ВМРО ДПМНЕ веќе  најавија дека енмаат намера да го блокирата изборот на нов Претседател, но имаат несогалсувања со СДСМ околу бројот на членови во комисијата.

Дека имаат различна перцепција како ќе изгледа комисијата потврдувата и од СДСМ./24вести