288
Се потврди дека Данела Арсовска ги излажа скопјани дека исчистила 150 депонии низ градот.За тоа примери има многу, фотографиите се поразителни и ја покажуваат реалноста која скопјани ја гледаат секој ден, нечистотија на секој чекор, соопштуваат од СДСМ.
„Во Бутел и во Шуто Оризари се најголемите депониии. Иако речиси и да нема општина во Скопје во која се гледа неработата на Арсовска, градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ.
Во првите сто дена од мандатот едно е јасно, Данела Арсовска е најслабиот градоначлник што досега го имало Скопје“, додаваат оттаму.