ВМРО-ДПМНЕ е против новото законско решение со кое државата треба да добие нов, модерен Клинички центар кој ќе обезбедува интегрирани здравствени услуги.Противењето на партијата преводена од Христијан Мицкоски за изградба на најкапиталниот проект во историјата на македонското здравство доаѓа во време кога ги надминуваме последиците од коронавирусот, во време кога е важна секоја инвестиција во здравствениот систем, велат од СДСМ.
-Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нанесуваат штета и врз одбраната, со дури 2.000 амандмани ги кочат измените на Законот за служба во Армијата.
На овој начин ВМРО-ДПМНЕ покажува дека се противи војниците да имаат право на избор, се противи војниците да имаат можност да добијат и 20.000 евра отпремнина и дополнителни поволности при пензионирање.
Обиди за блокади од страна на ВМРО-ДПМНЕ има и во Комисијата за образование наука и спорт.
Пратениците од опозициската партија го кочат и новиот Закон за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, со кој се исправа неправдата кон над 4.700 наставници и стручни соработници кои се уште немаат засновано работен однос на неопределено време.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ блокираат се што е во интерес на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ во Собранието блокира важни закони во делот на здравството, одбраната, образованието само заради лични и партиски интереси.
Ваквото деструктивно однесување на партијата предводена од Мицкоски е уште еден доказ дека освен блокади, кочења и лажни вести не нуди ништо друго пред граѓаните.
Токму затоа се во опозиција, затоа ги очекува нов пораз од граѓаните на локалните избори наесен, соопштија од партијата.