Војниците и АРМ цела деценија беа заборавени и целосно запоставени од криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Единствено нешто за што режимот на ВМРО-ДПМНЕ се грижеше беше богатењето на фамилијата, соопшти владејачката партија.
„Децениската неправда кон војниците на АРМ го исправа Владата предводена од СДСМ и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
Владата предводена од СДСМ ги зголеми платите на војниците за 10 посто прв пат после долги години, го зголеми буџетот за Армијата, се обезбедува враќање на плаќањето на дежурствата за сите припадници на АРМ. Дополнително, се инвестира во подобро опремена армија, обезбедени се средства за униформи и чизми за сите припадници на АРМ, за набавка на возила и инженерски машини за зголемување на капацитетпт на АРМ“, велат во соопштението.
Оваа година АРМ ја прослави 26 годишнината како Армија на држава со НАТО покана да стане 30-та земја членка, се додава.