„Сега, откако Мицкоски направи договор со ДУИ и му посла црвен тепих на Груби, му останаа малку опции, па ја активираше својата руска пудлица – Апасиев“, велат од СДСМ за завчерашната изјава на лидерот на Левица, Димитар Апасиев која ја упати кон социјалдемократите.
СДСМ има порака до Апасиев, а тоа е дека: „72% од граѓаните се за ЕУ, а 70% се за НАТО“.
„Џабе вееш знамиња во Собранието и ја срамиш државата пред првиот човек на НАТО, кој ја гарантира безбедноста на сите наши граѓани. Те стишил газдата Мицко? За тоа и служат сателитските партии и т.н. „контролирана опозиција“.
Договорот од состанокот за укинување на техничката влада стапил на сила. Благодариме што сте толку нестрпливи – нека видат сите граѓани кој е вистинска опозиција во Македонија – СДСМ.
Вашата политика ве доведе под цензус, ЗНАМ се избриша од политичката сцена, а истото ве чека и вас. Наскоро. Граѓаните ве прочитаа одамна.
Толку лошо стои СДСМ па сите се занимавате само со нас? Јасно и гласно: нема да нè сопрете. Нема да ги држите граѓаните и нивните деца во изолација.
Нема да направите од Македонија руска губернија“, порачуваат од „Бихаќка“.
Лидерот на Левица смета дека СДСМ има двојна судбнина бидејќи нејзиното членство е растргнато на две страни: едни преминуваат во движењето ЗНАМ, додека други одат во Левица.
„Судбината на СДС и нивното членство е двојна – клиентелистите ќе преминат и преминуваат во ЗНАМ, а оние со левичарско размислување ќе преминат во Левица. И ние веќе имаме поранешни членови на СДС коишто во нас го видоа левичарскиот жар којшто треба да го има една левичарска партија. Сѐ што е АНТИВМРО треба да се построи под бајракот на Левица“, истакна Апасиев во дебатна емисија.