„Христијан Мицкоски јавно кажа дека преговарал со компании и дека бил во завршна фаза за подготовка на тендерска документација за набавка на автобуси за Град Скопје. Оваа изјава е основа за можна корупција и криминал“, соопшти денеска Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.
Пред просториите на Град Скопје постави неколку прашања на Арсовска:
„Во кое својство и во чие име Христијан Мицкоски преговарал за набавка на автобуси?
Како може да подготвува меѓународни тендери претседател на партија и во чие име?
„Дали заради диловите на Христијан Мицкоски е прекинат проектот за бас рапид транспорт во Скопје, поддржан од ЕБРД?“