СДСМ реагираше на настапот на пратеникот Бране Петрушевски, обвинувајќи ја ВМРО-ДПМНЕ за целосен неуспех во спроведувањето реформи во судството, иако се на власт речиси една година.
„Судскиот систем е сè уште полн со кадри од ‘тефтерчињата’ на поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо реформи, избраа сопруга на градоначалник и баџанак на коалициски партнер за судии,“ посочуваат од СДСМ.
Партијата потсетува дека токму ВМРО-ДПМНЕ, преку Михајло Маневски, донесе закон со кој се намалија казните, а сега глумат загриженост.
„Цела година немаат донесено ниту еден реформски закон. Само прес-конференции и празни зборови. Ако веќе се на власт, време е да почнат да работат“, велат од СДСМ.
Дополнително, од СДСМ прашуваат како обвинителот, кој до вчера бил „човек на СДСМ“, одеднаш стана прифатлив за ВМРО-ДПМНЕ, и зошто Мицкоски се повлече од заканите за укинување на судските институции.
„Доста со глума – покажете резултати“, е пораката од СДСМ.