„Па кој спомена пасоши на Божиновска? За струја и криминални тендери говоревме, за вашите измислени дефокуси. Неверојатно! Од толку „готвења“ ВМРО Ванчовистичка веќе се загуби во сопствените лаги“, велат од СДСМ како реакција на партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ поврзано со министерката за енергетика, Сања Божиновска.
Од партијата на Венко Филипче прашуваат дали „некој во ВМРО-ДПМНЕ стиснал ли некој погрешно копче“ и сметаат дека „прокувала нивната кујна за лаги“.