СДСМ до ЗНАМ: Наместо да пишуваат фермани, нека одговорат за историскиот корупциски скандал или ќе објавиме документи

од Марта Пешевска
64 прегледи

СДСМ објави дека ЗНАМ и Максим Димитриевски се фатени во историски корупциски скандал, кој го потврдуваат со нивната реакција полна со лаги и празни обвинувања. Од СДСМ бараат одговор на прашањата како е можно со купопродажба на земјиште да се заработат 350.000 евра и како Димитриевски, кој се бореше против ДУИ, сега со таа партија го договорил гласањето на ДУП-от. Според СДСМ, Димитриевски и ЗНАМ се партија која ги ставила личните интереси пред интересите на граѓаните. Обвинувањата на ЗНАМ не можат да го оправдаат конфликтот на интереси и корупцијата, а СДСМ најави објавување на целосните документи за овој скандал.

ЗНАМ претходно реагираше на обвинувањата од СДСМ, истакнувајќи дека инвестицијата на ЛИДЛ во индустриската зона Нивини и Речица во Куманово е од клучно значење за економскиот развој на регионот, создавање нови работни места и поттикнување раст на локалната економија. Портпаролот Никола Мемов ги обвини СДСМ за контрадикторност, бидејќи истата инвестиција што беше промовирана како значајна за економијата на Македонија сега ја критикуваат. Мемов нагласи дека целата постапка е транспарентна, законска и дека ова не е политичка, туку развојна активност, додека обвинувањата на СДСМ ги смета за обид за дефокусирање од нивните корупциски афери.

Слични содржини